Инфо

Година

2018

Дата/Време

Петок 04.05 19:00

Место

Кино Култура

Земји учесници

GE | Македонија |

Учесници

Бојана Кунст

Бојана Кунст

Philosopher and Contemporary Art Theorist Bojana Kunst is a full professor at the Institute for Applied Theatre Studies / ATW – Institut für Angewandte...

Повеќе

Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата е граѓанска организација и активен учесник во градењето и развојот на...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Предавање | Уметничките институции и еднаквоста во собирите, Бојана Кунст

 

Во своето предавање, Кунст ќе се фокусира на нападите врз уметничките институции, претстави, изведувачки фестивали и други уметнички настани, поврзани со порастот на популизмот и национализмот во Европа. Тие се поврзани и со серијата мерки на штедење и буџетски кратења за независниот културен сектор, кои одат во линија со прилагодувањето кон хиерархиското и популистичкото разбирање на уметноста, со што се засенуваат и осиромашуваат многу уметници, и уште повеќе се маргинализира нивната веќе несигурна позиција. Целта е сосема да се намали инфраструктурната


поддршка која е потребна не само за опстанокот на практиките, туку и за континуитетот на автономниот политички и естетски израз.
Бојана Кунст е филозоф, драматург и теоретичарка за изведбени уметности. Работи како професорка и директорка на Институтот за применети театарски
студии на Универзитетот „Јустус Либиг Гисен”, Германија. Членка е на уредничкиот одбор на списанието “Мaska”, “Amfiteatr” и “Performance research”. Нејзина последна
книга “Artist at Work, Proximity of Art and Capitalism” е во издание на Zero Books, Винчестер, Лондон (2015).
Предавањето се реализира во рамки на програмата Уметност, Политика Институција, Тело на ЛОКОМОТИВА, чија основна цел е отварање нови можност
заа млади професионалци за критичка рефлексија и компаративна анализа на современите уметности, и согледување на уметничите пракси и културните
дејности преку призма на современиот контекст.


Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата е граѓанска организација и активен учесник во градењето и развојот на демократскиот социо-културен простор во Македонија и во регионот. Преку нејзините активности, Локомотива има за цел да овозможи подобар пристап на граѓаните до уметничките и културни настани
и проекти и да влијае на развојот и поддршката на современа уметност и култура, како поттик во развојот на демократското општество. Како ко-основач и
партнер на проектот простор Кино Култура (заедно со Театар на Навигаторот Цветко), Локомотива интервенира директно во јавната сфера, создавајќи
простор кој е потребен за делување на граѓанските организации во полето на културата и поширокиот граѓанскиот сектор.

Top