Инфо

Година

2016

Дата/Време

Сабота 12.03 12:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

ХР | MK | SRB | RKS |

Учесници

Vox Feminae

Vox Feminae


All Together Distro

All Together Distro


Femkanje

Femkanje


Femart

Femart


Ар тисти

Синопсис

ЖЕНСКА СОБА | Презентации

VOXFeminae

Го читате VOXFeminae.net и супер си поминавте на Vox Feminae фестивалот? Во видео разговорот дознајте кои се девојките од Vox, со што се занимаваат и како се создадени нивниот портал и фестивал. Заедно ќе разгледаме зошто е важно да се чуе женскиот глас, да се чуе јасно и гласно, зошто е важно да се освојуваат и да се истрае во феминистичките (виртуелни) простори и низ нив да се јакнат жените и маргинализираните групи - предизвици со кои секојдневно се среќаваат феминистичките портали или накусо, како заедно се бориме против патријархатот. Muff и Libela се портали за феминизам и популарна култура. Уредничките во видеата зборуваат за своите портали од нула, најголемите предизвици со кои се соочуваат како и најубавите и најтешките моменти.

 

ФЕМКАЊЕ 

ФЕМКАЊЕ (Србија) е независна радио емисија и платформа осмислена да придонесе кон видливоста, унапредувањето и јакнењето на независната културно-уметничка сцена во Србија, во исто време промовирајќи ја родовата рамноправност и креирајќи медумски простор за претставување и вмрежување на младите авторки/и од земјата и регионот. Авторки и водителки на емисијата се уметниците Бојана С. Кнежевиќ и Катарина Петровиќ, кои низ двегодишната работа мапираа и интервјуираа повеќе од 80 различни авторки/и и колективи од сферата на уметноста, културата, образованието, активизмот и науката. Покрај растечката цензура и монополот на домашните медиуми, како и слабо организираната и финасиски поддржаната независна сцена, која со тоа станува и цензурирана, Фемкање својата работа ја формира како слободна зона за уметничко и граѓанско делување. Формата на радио емисија ја препознавме како простор за слободен дијалог кој дозволува средба и запознавање на гостинките и публиката вон дискриминаторната и естетизирана визуелна комуникација во мас-медиумите. Фемкање можете да го следите на сајтот www.femkanje. com и на Фејбук страната www.facebook.com/ femkanje, а сите досегашни емисии се достапни на подкастот www.mixcloud.com/FEMKANJE/

 

FEMART 

FEMART Фестивалот (Косово) што го организира Артполис, е најголем фестивал на феминистичка уметност во Косово и во Балканскиот регион, кој годинава ќе се одржи помеѓу 25-31 Мај. Нашиот фестивал се случува еднаш годишно, во него учествуваат 100 активистки и уметници кои имаат можност да ги претстават своите дела. Претстави, документарци и кратки филмови, читања, визуелна уметност, изложби, перформанси, концерти, промоции на книги, литература, работилници, дискусии и презентанции, како и други форми на уметност создадена од жени од Косово, регионот, Европа и Америка, кои користат феминистички/активистички пристап. Фестивалот привлекува повеќе од 2000 посетители и се смета за еден од најдобрите во Косово.

 

ALL TOGETHER DISTRO

ALL TOGETHER DISTRO (Македонија) е музика, љубов, страст, пријателство, почит, насмевки, unity... All Together Distro се 80 артисти и над 100 изданија. Или еве вака дефинирано: All together distro е непрофитна организација чија главна цел беше поддршка на локалните андерграунд бендови преку промоција и продавање на нивен промотивен материјал. All together distro се три девојки: Ека, Еци и Теа. Секоја со своја приказна, но со заедничка идеја и цел - поддршка на музиката и културата што ја слушаме, сакаме, живееме и за која се трудиме. Кога се споија овие 3 девојки со креативни замисли и страст кон тоа што го сакаат се создаде АТД, oд кoе пoдoцнa прoизлегoa други прекрaсни нештa: букинг нa бендoви и турнеи, прaвење нa кoнцерти, рaдиo емисии... Присуствувавме на околу 80 различни концерти, во и надвор од Скопје. Гo имaвме зaдoвoлствoтo дa бидеме дoмaќини нa бендови од Америка, Шведска, Италија, Франција, Словенија... Дoјдете дoкoлку сaкaте дa јa чуете нaшaтa прикaзнa. Ајде девoјки, мoжете пoдoбрo!

Top