Учесници
Ивана Драгшиќ
Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од...
ПовеќеСинопсис
Диџеј сет на Ивана Драгшиќ
По доселувањето во Аеродром, Ивана Драгшиќ своето образование го започна во МНТ и Метропол, а дипломираше во Елемент. По летните школи на скопските улици, на специјализација влезе во Канал 103, каде и денес, после 12 години работи на последниот проект „ДISKORДIA–можен саундтрак за падот на патријархатот“. Со поддршка од неколку исклучителни имиња од постарата бела, машка генерација диџеи, а во консултација со помладите нестрејт и нецис генерации на пријатели, таа ненаметливо го наоѓа своето место низ скопските и подалечни подиуми. Ивана е носителка на титулата Mис интерпретација и задолжителна учесничка на ПРВО ПА ЖЕНСКО.