Учесници
Кумјана Новакова
Кумјана Новакова, работи во полето на креативниот документарен филм и аудиовизуелните уметности од 2006 година кога и го кооснова филмскиот...
ПовеќеАна Павловиќ
Ана Павловиќ е уметница која работи со различни медиуми како инсталации, звучни инсталации и филм. Родена е во Белград, Србија...
ПовеќеСинопсис
WoW Program | Проекција на филм: „Писма 1“ и „Писма 2“
Што е филм?
“Писма 1” и “Писма 2”
Ана Павловиќ
Данска / 2018 / 67’, 28'
соработка со Филмската и видео програма на Музејот на современа уметност – Скопје
Селекција и концепт: Кумјана Новакова
Изворен јазик: Српски
Монтажа: Владимир Томиќ
Камера: Ана Павловиќ
Продукција: Ана Павловиќ
Контакт: Ана Павловиќ
anapavlovic.com
Сижејна линија на интимниот дневник конструиран од сеќавањата на мигрантки од првите години од нивниот престој во Данска - Писма 1 и Писма 2, е размената на писма и фотографии помеѓу Ана Павловиќ во Копенхаген и нејзината мајка во Белград. Истовремено прикажувајќи лични писма и фотографии и од други мигрантки, Ана Павловиќ создава колаж од сеќавања на жени кои живеат во слични околности.
Во Писма 1 Ана ги чита писмата што повеќе жени ги испраќале до своите семејства дома за време на нивниот престој во Данска, додека паралелно со ножици сече фотографии и преку форма на колаж создава нови контексти за фотографиите и наративите.
Во Писма 2 гледаме семејни фотографии додека се читаат писмата коишто овие жени ги добиле од своите семејства. Преписките откриваат интимни размислувања на жени соочени со тешки, на моменти и контроверзни, одлуки. Размената на писма и фотографии зборува за работата на куќните помошнички, за непријавениот труд, за брачната миграција, за подобро или полошо. Целосното искуство станува еден вид дијалог помеѓу двата филма во кој разделеноста е и физичка и духовна. Гледаме како двете страни развиваат механизми и стратегии за справување со сништата и реалноста на животот на Запад.