Настја Ѕубан

Настја Ѕубан
Украина
Кореографка

Настја Sубан работи со танц и кореографија. Таа е родена во Киив, Украина a моментално живее и работи во Гисен, Германија. Од 2015 година Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела, најчесто во соработка со нејзини блиски пријатели и колеги. Нејзиниот уметнички интерес го опфаќа пресекот помеѓу диспозитивите на театарот и кореографијата, како и темите за потенцијалноста, поместувањето и поимот на заедничкото. Настја неодамна заврши магистерска програма по кореографија и перформанс во Гисен и работи како слободна уметница. Таа доби стипендија за danceWEB 2021 и беше кокураторка на фестивалите Diskurs35 и Hungry Eyes 2022.

Top