Александра Спасеска

Александра Спасеска
MK
новинарка

Александра Спасеска е новинарка, преведувачка и активистка со седиште во Скопје. Работи како заменичка на главниот уредник во КАЈГАНА МЕДИА, дел е од истражувачкиот тим на ДИЈАЛОГ Центарот за делиберативна демократија, како и на тимот на македонскиот огранок на Fashion Revolution. Како блогерка, новинарка и активистка со години ја следи македонската модна сцена и работи на промовирање на одржливата мода и заштита на женските и работничките права. Нејзини авторски текстови за одржлива мода биле објавувани и на блогот Culture Matters на Europe House, како и на блогот на платформата Bastet Noir.

Top