Барбара Куковец

Барбара Куковец
Уметница

Барбара Куковец - актерка, изведувачка и танчерка која од неодамна се фокусира на визуелните медиуми, особено фотографијата. Дипломирала на Театарската академија во Љубљана и магистрирала на перформативна уметност на колеџот Голдсмит (2006) во Лондон, каде што моментално живее и работи. Врз основа на нејзиниот интегриран пристап кон која било тематика со која се занимава, секогаш очекуваме (и добиваме) од неа целосно уникатна и експресивна изведба. Способноста да достигне нови височини и на индивидуално и на колективно ниво, исто така, ја карактеризира работата на Барбара во делата Виа Негатива Почетна точка: “Anger”, “More”, “Would Would Not”, “Viva Verdi” и “Four Deaths”. Во овие изведби таа покажува извонредно силно физичко присуство кое ја брише границата помеѓу темата на изведбата и изведбата на субјектот.

Top