Мартина Бараковска

Мартина Бараковска
MK
Музичарка
веб страница

Мартина Баракоска е музичарка и тапанарка, родена во Скопје 1998 год.

Низ својата кариера Мартина има добиено повеќе награди меѓу кои: Гранд При за најдобар тапанар на фестивалот Т’к Tак (Кавадарци, 2015), 1st special place на International Competition Percussion - Art In Skopje (Скопје, 2017), Златна Бубамара на популарноста како дел од групата Дупер (Скопје, 2018).

Во 2018 година Мартина има настапувано со Скопскиот брас квинтет со кој изведуваа аранжмани од The Beatles и Queen, во периодот од 2017 до 2019 година таа беше дел од  групата Дупер, и како дел од меѓународниот прокет CON-FRONT има изведувано низ неколку европски и балкански држави. Мартина моментално членува во бендовите на Владимир Четкар и Сашко Костов како и во Љубојна и Labavo&Funky каде е музичка директорка и одговорна за аранжманот на музиката. 

Мартина има голема желба да го пренесе своето досегашно знаење, па затоа држи часови за свирење тапани на луѓе од сите возрасти. Главната цел во моментов ѝ е да остави свој печат во онлајн и офлајн присторот, и да ги охрабри луѓето околу себе да го прават тоа што го сакаат, спротиставувајќи се на стереотипите. Токму ова го пресликува преку нејзиниот соло проект насловен Мартина Баракоска под кое име го објавии нејзиниот прв соло-албум Weird Fishes

Top