Јоана Ристеска

Јоана Ристеска
МК
музичарка
веб страница

Јоана Ристеска е соло-артистка и инструменталистка од Скопје. Изведува и компонира музика за акустична и електрична гитара и со аналогни техники ја истражува можноста за експанзија на гитарскиот звук кон слоевит, оркестарски контекст. Нејзиниот авторски сензибилитет опфаќа различни стилови, од современа-класична, синематична, па се' до експериментална-рок музика. Академската позадина ја здобива од Факултетот за музичка уметност во Скопје и во текот на своето школување настапува со камерни состави и соло-класична гитара. Во моментов е дел од авантгардниот рок состав “40 дена” и соработува со електронскиот артист и песнописец Тодор Караколев. Ја имаме честа Јоана по втор пат да биде дел од музичката програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО!

Top