ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ: Отворена проба
На 27.10.2021 (среда) на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во 20:30 ч. ќе се одржи отворената проба на актерката Ангела Стојановска и танчерката Јована Зајкова на која публиката ќе има можност да види дел од нивните перформанси „во создавање“, на кои работат во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО - ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.
По изведбите ќе следи разговор со авторките, нивните соработнички и соработници и видео обраќања на театарската режисерка Билјана Радиноска и танчерката и кореографка Викторија Илиоска, кои ги поддржуваат Ангела и Јована низ нивните креативни процеси.
Двете продукции ќе имаат премиера во рамки на Меѓународниот театарски фестивал МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР
 
Активностите на платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич кои ги реализира Тиииит! Инк. и кои имаат за цел да придонесат кон унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера.
 
Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival. Проектот „Жени за жени“ (WoW – Women on women), поддржан од Програмата Креативна Европа на Европска Комисија, Tiiiit! Inc. го спроведува во партнерство со Mesto žensk од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.
 
За влез на настанот важат мерките за заштита од Ковид-19 и Протоколот за организирање на јавни настани. Местата се строго ограничени, а резервации се прават на https://forms.gle/pdek4qm9WcqvXF71A
 
Се гледаме!