Градска пешачка тура за мапирање на женското културно наследство
Оваа сабота, на 19 март, со почеток од 11 часот, Тиииит! Инк. организира средношколска пешачка тура во Скопје којашто има за цел да мапира клучни точки во градот кои се дел од историјата на нашето општество, како резултат на женското дејствување и акција низ годините. Оваа тура е моделирана според публикацијата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ - водич по географски точки, којшто зборува за жените кои учествувале/учествуваат во главноте историски текови на нашата држава.
 
Пешачката тура ќе трае околу два часа и освен што ќе се посетуваат важни точки за женското културно наследство во Скопје, ученичките/ците ќе имаат шанса да се запознаат со приказните за овие места и подвизите на жените кои им даваат историско значење. Турата ќе ја води Ангела Стојановска.
 
Бројот на средношколки/средношколци коишто ќе можат да се приклучат на пешачката тура е ограничен на 15, па затоа побрзајте и пополнете ја пријавата во прилог!

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf-f6AwoaO_43Y18DfBWHeGaeEuG55m_PBTOHP29iaSc99Q8Q/viewform?usp=sf_link

📍 Одбравме 5 точки низ Скопје:

Оливера Јоциќ - паркот зад Влада на РСМ, веднаш до Паркот на франкофонијата
Мимоза Несторова Томиќ - Музеј на Мекедонија
Парк Жена борец
Килимарски работнички - УРС-ови синдикати
Есма Реџепова - Куќата на Есма Реџепова

Доколку сакате да учествувате во пешачката тура задолжителен е формуларот со согласност за родител/старател којшто треба да го прикачите пополнет во пријавата.
За сите дополнителни прашања пишете ни на tiiiit.inc@gmail.com или побарајте нѐ на Инстаграм и Фејсбук.

Ве очекуваме!