𝐭𝐡𝐢𝐬 𝐢𝐬 𝐦𝐲 𝐭𝐫𝐮𝐭𝐡, 𝐭𝐞𝐥𝐥 𝐦𝐞 𝐲𝐨𝐮𝐫𝐬 | Јасна Жмак
Здраво,
 
се викам Јасна и би сакала да те поканам на мојата претстава. Се работи за мој прв соло театарски проект за кој сум многу возбудена. Се вика “this is my truth tell me yours” што всушност е цитат на цитат, но претставата не се занимава со овие оригинални цитати, туку повеќе со некои мои вистини. Зашто јас, речиси 15 години, работам како писателка и драматург, но искрено, во последно време почнав да размислувам дека сакам да работам нешто друго. Зашто мислам дека уметноста е многу заебана и зашто уметноста многу ме има сјебано. Но ја направив оваа претстава, токму за тоа како уметноста ме има сјебано и сфатив дека всушност се работи за love-hate врска меѓу мене и уметноста. Сфатив и дека мене често уметноста ми е скроз ок (иако исто така често ме нервира). Останати теми со кои се занимавам во претставата се женскиот оргазам, машката мастурбација, уметничката одговорност и зуењето во уши. Ги спомнувам и Констракта, Јан Фабр, Оливер Фрљиќ, Xanax, SPID и Исус. Сѐ на сѐ, ќе ми биде мило ако дојдеш на претстава. (Подолу е поофицијалниот опис што мојата продуцентка ме замоли да го напишам.)
 
Се гледаме,
Јасна
 
𝐭𝐡𝐢𝐬 𝐢𝐬 𝐦𝐲 𝐭𝐫𝐮𝐭𝐡, 𝐭𝐞𝐥𝐥 𝐦𝐞 𝐲𝐨𝐮𝐫𝐬 | Јасна Жмак
Академска сцена на ФДУ
26 септември
20:00
Влезот е слободен
 
this is my truth tell me yours” е авторски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак во кој таа се занимава со својот однос со уметничкото поле на делување, преиспитувајќи ги своите и авторските позиции на другите, како и одговорностите и анксиозностите кои тие позиции ги имплицираат. Тргнувајќи од своето лично искуство од 2011 година, кога почнува да страда од тинитус и хиперакузија откако, како дел од публиката, е повикана да пука со театарски пиштол за време на перформансот “MandićMašina” во режија на Бојан Јаблановец и изведба на познатиот словенечки актер и изведувач Марко Мандиќ, Жмак во оваа ЖмакМашина, ги истражува начините на кои уметноста ја обликува стварноста во која живееме. Иако навидум неповрзани, темите тинитус и патријархат стануваат централен мотив на ова дело кое жанровски балансира на пресекот помеѓу стенд-ап комедија и перформанс-предавање. За прв пат појавувајќи се на сцената во улога на изведувачка, Жмак се занимава со прашањата на вистинитоста и репрезентацијата, партиципативноста и одговорноста, водејќи нѐ низ своите драматуршки и сексуални искуства и при тоа прашувајќи се себеси и публиката за важноста и смислата на уметничкото творештво во ерата на дивиот капитализам.
 
Авторка и драматург: Јасна Жмак
Изведувачка: Јасна Јасна Жмак
Дизајн на светло: Антон Модрушан
Поддршка во развој на сценските движења: Ана Крајтмаер
Продуцентки: Романа Брајша, Шпела Трошт (Виа Негатива) и Барбара Зонта (Место Женск)
Фотографија: Сања Мерќеп
Дизајн: Павао Кухариќ
Продукција: Центар за драмски уметности - Загреб и Виа Негатива - Љубљана и Место Женск - Љубљана
Партнери: Кунст Театар - Загреб и Вокс Фемина Фестивал - Загреб и Завод Ен-Кнап - Љубљана
Премиера: 19.5.2023 Кунст Театар - Загреб
 
Благодарност до Сања Мерќеп, Зринка Ужбинец, менторите, учесниците и тимот на PARL 2022, Ана Грбац, Никола Подкрајац, Петар Сарјановиќ, Борут Шепаровиќ, Ведрана Клепица, Барбара Матејчиќ, Катарина Пејовиќ, Дуња Рибариќ, Мирта Јамбровиќ, Културниот центар на Пешчаница - Кнап, Младинскиот културен центар “Рибњак”, Креативниот центар Крушче и Марко Мандиќ.
Перформансот е развиен во рамки на PARL – Платформа за иаведувачки уметности Љубљана 2022.
 
Проектот е реализиран со финансиската поддршка од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Канцеларијата за култура, меѓуградски и меѓунардони односи и граѓанско општество на Градот Загреб, Министерството за култура на Република Словенија и Градската општина Љубљана.
 
#ППЖ11 е поддржан од: Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура.