Отворена позиција во Тиииит! Инк.

ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН/НА КООРДИНАТОР/КА


Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. - Скопје објавува конкурс за вработување на лице за позицијата проектен/на кординатор/ка.

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. е фромирано во 2014 година и својата работа ја насочува кон главната визија во работата и дејствувањето. Тиииит! Инк. верува во родово еднакво општество во кое феминистичките вредности се придобивка, а жените и маргинализираните заедници го креираат општествениот, политичкиот и културниот живот. Мисијата на Тиииит! Инк е спротивставување на патријархалните вредности, примарно делувајќи во културата кон создавање и активно одржување на отворен простор за изразување и делување на жените и маргинализираните заедници како носители на критичко промислување на општествениот контекст. Една од главните активности на организацијата е фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
За потребите на проширување на тимот и зголемување на работните активности, Тиииит! Инк. објавува:


ОГЛАС ЗА Проектен(а) кординатор(ка)
Опис на позиција, задачи и услови:

Изготвување и пишување на проектни апликации, вклучувајќи и Европски проекти( Креативна Европа, Еразмус, и др. ЕУ програми за човекови права или култура) за работата на здружението;

Координирање и имплементирање на проектни активности;

Планирање на тековните активности и проекти;

Координација на соработниците и ангажираните лица во спроведување на проектите;

Комуникација со постоечки донатори и мапирање на нови донатори поврзани со целите на организацијата;

Изготвување на наративни извештаи за проектите;

Организирање настани, конференции и прес-конференции;

Учествување во застапување и комуникација со институции во рамки на проектните активности;

Со избраниот кандидат/ка Тиииит! Инк. ќе склучи договор за ангажирање на определено време од 1 година;

Работното време ќе изнесува 30 часа неделно (70% работен ангажман), во согласност со Законот за работните односи во РМ.

Потребни квалификации:

Диплома на општествени студии со завршено четиригодишно високо образование во хуманистички науки;

Најмалку три години работно искуство во водењето проекти во областа на човековите права / културата;

Искуство во спроведување на проекти финансирани од Европската Унија и/или други меѓународни донатори;

Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;

Компјутерски вештини;

Родово сензитивизација пристап во работата и работа поврзана со родова перспектива;

Работа во тим и со партнерски организации; и

Напредни организациски и комуникациски вештини.

Како предност ќе се смета:

Завршени постдипломски студии;

Познавање на досегашната работа на Тиииит! Инк. и следење на активностите на здружението како и фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидат(к)и за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: tiiiit.inc@gmail.com најдоцна до 03.02.2023 година.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 15 февруари, најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.


Почетната месечна нето плата е 35.000 денари.

Краен рок: најдоцна до 3 февруари 2023 г.

Пријави на tiiiit.inc@gmail.com или пиши ни доколку се потребни подетални информации за работното место.

Работното место е во седиштето на Тиииит! Инк. во близина на Министерство за економија.