Отворена позиција во Тиииит! Инк.

Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. - Скопје објавува конкурс за хонорарно ангажирање на лице за позицијата Лице за комуникации и односи со јавност.

Опис на позиција, задачи и услови:

Лицето за комуникација ќе биде одговорно за водење комуникациските аспекти на проектите на организацијата. Тоа подразбира:

  • Изработка на комуникациски планови
  • Планирање објави на социјални медиуми
  • Следење на дигиталниот пазар/социјалните медиуми
  • Креирање, следење и оптимизирање на кампањи
  • Управување со веб-страници (објава на содржина)
  • Следење на најновите трендови и нивна имплементација во секојдневното работење
  • Идентификување на можности за обезбедување на медиумски простор на домашни и странски медиуми
  • Подготовка на наративи, блогови и натписи поврзани со проектни активности 
  • Да се следи ажурно динамиката на фестивалот и подготвените содржини да се во склоп на вредностите за кои се залага фестивалот.

* Хонорарниот ангажман е за период од шест месеци со полуработно време (мај, јуни, август, септември, октомври, ноември 2022) за потребите на фестивалот Прво па женско.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Завршени додипломски студии од областа на комуникации или друга релевантна област. Работно искуство и/или дополнителни неформални обуки за комуникации ќе бидат земени предвид наместо универзитетска диплома.
  • Вештини за користење социјални медиуми за професионални цели.
  • Умешност во пишување содржини за веб-страници и социјални медиуми.
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо развиени вештини за уредување и лекторирање на текстови на двата јазика. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност.
  • Способност за истовремено управување со повеќе проекти во динамична работна средина.
  • Умешност за пишување и подготовка на натписи и блогови за дигитални медиуми (copywriting).
  • Способност за тимска работа и работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите, како и одлични меѓучовечки и комуникациски вештини. 

За предност ќе се смета:

* Сензибилизираност за теми поврзани со родови прашања и родова еднаквост

Најдоцна до 4 мај, 2022 година заинтересираните кандидати треба да достават:

* детална биографија со вклучена листа на претходни проекти/кампањи;

* писмо за мотивација;

 

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.

Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 7 дена по затворање на конкурсот.

Апликациите можете да ги доставите по електронска пошта на tiiiit.inc@gmail.com со предмет на пораката „За позиција Лице за комуникации и односи со јавност“.