Пич Прич онлајн

Наместо традиционалниот слем на Прво па женско, годинава организираме онлајн ПичПрич на тема „Бркам работа“. Во живо приказни ќе раскажуваат пет фриленсерки што баш добро си бркаат работа.

Настанот ќе се одржи на 15 мај во 20 часот. Ќе биде стримуван во живо на ФБ, на страницата на ПичПрич, а ќе биде обезбедено и видео на YouTube.

Раскажувачките ќе ви ги откриеме наскоро.

Уште еднаш огромна благодарност до Кома за дизајнот ♥

ПичПрич во соработка со Tiiiit! Inc.

Овој настан е поддржан од страна на шведската фондација Kvinna till Kvinna.