Држава што не постапува е држава што силува - марш за женски права

Ве покануваме на петтиот Марш за женски права, кој ќе се одржи на 8 март (понеделник), под слоганот: „Држава што не постапува е држава што силува“. Со почеток во 15.00 часот, на овој протестен марш, заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни, кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација.

Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања:


* Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство.
* Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени.
* Сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.
* Професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.

Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно. Ве повикуваме да марширате заедно со нас, со почеток во 15.00 часот, пред МВР каде по нашето
обраќање, ќе продолжиме до Паркот Жена Борец, каде ќе го завршиме маршот со обраќање до јавноста и институциите.

Ве повикуваме да се облечете целосно во црно, како израз на гнев и револт.

Во знак на солидарност со жртвите на сексуално вознемирување и насилство, годинава ќе ја повториме песната „Силувачот си ти“ за да ги притиснеме институциите конечно да почнат да постапуваат!
Доста беше игнорирање на родово-базирано насилство и барање на вина кај оние кои страдаат!
Девојките и жените, жртви на родово-базирано и сексуално насилство и вознемирување заслужуваат правда, почит, пријателство и поддршка, наместо линч и осуда.

Текстот од песната е на следниот линк.


Се гледаме на марш!


* Маршот е организиран од Платформата за родова еднаквост и ќе ги почитува протоколите за безбедност. Ќе носиме маски и држиме дистанца, а адекватен број на редари ќе се погрижат тоа да биде така од почеток до крај на маршот.


* Маршот е организиран од Платформата за родова еднаквост и ќе ги почитува протоколите за безбедност. Ќе носиме маски и држиме дистанца, а адекватен број на редари ќе се погрижат тоа да биде така од почеток до крај на маршот.

Платформа за родова еднаквост
телефон/факс: + 389 23245536
e-mail: rodovaplatforma@gmail.com
www.rodovaplatforma.mk